Annihilation Team Everyone Dies...And we mean EVERYoNE |
| | Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD | |
| | Автор | Порака |
---|
nedoztw [A] Модератор
Број на мислења : 452 Age : 32 Location : Macedonia Registration date : 2007-11-24
| Предмет: Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD Вто Jул 22, 2008 12:21 am | |
| Ovde moze da pishete koj e vas favorit na svetskoto prvenstvo vo rakomet ( juniorki ) t.e sto se odrzuva vo mkd ovaa god 2008 | |
| | | nedoztw [A] Модератор
Број на мислења : 452 Age : 32 Location : Macedonia Registration date : 2007-11-24
| Предмет: Re: Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD Вто Jул 22, 2008 12:24 am | |
| Eve malku info za rakometot
Скопје нуди најмногу неизвесност
Денеска во четири града во Македонија стартува женското светско првенство за девојки до 20 години. Македонија игра во групата "Ц" во Охрид и нормално таа група ќе биде во центарот на вниманието, но многу неивесност и се надеваме квалитет ќе биде прикажан и во другите три града.
Скопје се чини е градот кој ќе понуди најмногу во оваа фаза од натпреварувањето.
Петте репрезентации безмалку со идентични шанси конкурираат за место во главната рунда. Унгарија, Романија, Германија, Словенија и Исланд.
Исланѓанките во оваа конкуренција ја добиваат улогата на аутсајдери, најмногу затоа што на мундијалот доаѓаат како замена.
На ИХФ долго време му требаше да најде замена за екипата на Уругвај, па "островјанките" добија практично само една недела да се спремат за овој настан.
Тоа во конкуренција на тимови како Германија, Унгарија и Романија, може да се покаже како опасен хендикеп.
Колку може Исланд ќе се види уште денеска. На премиерниот натпревар во Скопје, Исланд излегува на мегдан на Унгарија. Унгарките се во вистинска експанзија кога се во прашање млади играчи во последните неколку години и сигурно важат за големи фаворити, можеби најсериозни кандидати за првото место во оваа група.
Романија која исто така има неоспорно квалитетна ракометна школа, првиот ден ќе одмора, а во вториот термин, Германија пред себе ќе ја има селекцијата на Словенија. На хартија, фаворити се Германките, но тоа доста често се покажува како погрешна прогноза. Германкките се очекува сите свои адути би ги искористи уште на првиот ден и да си олесни за наредните денови.
Во Гевгелија, во првиото коло ќе одмора најголемиот фаворит, Данска. Црна Гора која заедно со споменатата Данска се единствените европски репрезентации во "Б" групата важи за фаворит во однос на Ангола, Казахстан и Јапонија.
Денеска Ц. Гора ќе игра со Ангола. Африанската селекција во сениорска конкуренција беше вистински хит на мундијалот во Франција. Дали нивните наследнички ќе бидат во иста улога во Македонија ќе видиме уште денеска.
Казахстан ќе биде во улога на аутсајдер во однос на Јапонија. Казахстан од "никаде" се појави на ракометната сцена и тоа директно со пласман на ОИ. Сето тоа беше проследено со низа сомнителни резултати, но како и да е тие ќе играат во Пекинг. Дали тоа значи и пресвртница во нивната политка ќе видиме. Досега ги откажуваа своите учества и на сениорските приредби, но сега доаѓаат со јуниорски тим. Тие се најголемата непознаница на овој мундијал.
Групата во Виница ја прават силна репрезентациите на Франција и Шпанија, но во првото коло таму нема да има дерби.
Франција ќе игра со Кинески Тајпеи или Тајван. Големи фаворити се "триколорите" во однос на селекцијата од далечниот исток. Но, затоа пак, другиот дуел, мечот меѓу Аргентина и Алжир може да донесе прилично големи возбудувања. Иако теоретски не се на рангот на Франција и Шпанија, овие две се на слично ниво и сигурно ќе сторат се за да се изборат за пласман во наредната рунда. За тоа потребна им е победа денеска.
Р. Ѓамовски
РАСПОРЕД ЗА 1. КОЛО
ПРВА ФАЗА (21.07.2008)
ГРУПА "А"
СКОПЈЕ
19:00 Унгарија - Исланд
21:00 Словенија - Германија
ГРУПА "Б"
ГЕВГЕЛИЈА
19:00 Црна Гора - Ангола
21:00 Казахстан - Јапонија
ГРУПА "Д"
ВИНИЦА
19:00 Франција - Тајван
21:00 Аргентина - Алжир | |
| | | nedoztw [A] Модератор
Број на мислења : 452 Age : 32 Location : Macedonia Registration date : 2007-11-24
| Предмет: Re: Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD Вто Jул 22, 2008 7:18 pm | |
| МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА ОД 33:16 ПРОТИВ АВСТРАЛИЈА СТАРТУВАШЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО СО ОЧЕКУВАНИ БОДОВИ
Успешен старт на Мундијалот
МАКЕДОНИЈА - АВСТРАЛИЈА 33:16 (16:9)
Сала: СРЦ "Билјанини извори" во Охрид. Гледачи: 1000. Судии: Гушева и Вартањан од Русија. Делегати: Праузе од Германија и Таборски од Чешка.
МАКЕДОНИЈА
Крстевска 12
Срњакова 4/5
Георгиевска 0/1
Илиоска 4/4
Стојковска 5/7
Штериова 3/3
Когој 2/5
Стојановиќ 6
Гроздановска 6/7
Николовска 1/2
Анчева 0/2
Петковска 7/12
Беба 0/2
Серафимовска 1/2
Седмерци: 0/2
Исклучувања: 2
Тех. грешки: 23
АВСТРАЛИЈА
Луис 6, 1 с
Перинс 1
Ван Бусел 1/3
Мекдоналд
Најдовски
Кејт
Поточки 4/9
Лукас 1/3
Ван дер Мерве 0/2
Смиљаниќ 7/19
Блондел 1/3
Томас 2/4
Паркер 0/1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8
Тех. грешки: 31
Јуниорската селекција на Македонија стартуваше со победа од 33:16 на Светското првенство откако против Австралија очекувано се одигра доволно, колку што беше потребно за да се забележи овој убедлив триумф.
Тремата која што се очекуваше да биде присутна на почетокот на средбата беше надмината со првите два напади. Ивана Петковска, а потоа и Кристина Илиоска беа стрелци на првите два гола за Македонија. Голманот Стојановиќ запре три топки во само три минути игра, така што немаше многу проблеми за да се направи предност од два гола разлика.
Австралија успеа да се врати во игра и во 5 минута од мечот резултатот беше 3:2.
Следните пет минути од мечот не донесоа премногу новости во играта на теренот. Македонија и покрај грешките кои ги имаше во нападот успеваше да го зголемува водството и да се одржува во ритам. Во 10. минута водеше веќе со 6:3, а само три минути подоцна на семафорот стоеше резултат од 8:3 што до тој момент беше највисокото водство.
Место да се продолжи по ова водство да се игра во ист ритам и да се оди до крајот со сите сили, се дозволи противникот да наметне своја игра. Неколку напади во коишто не успевавме да постигнеме гол не ставија во незгодна ситуација бидејќи Австралија направи серија од 5:2 со што во 20 минута намали на два гола разлика, 10:8.
Откако после ова Австралијките останаа без најдобрата ракометарка работите им станаа далеку покомплицирани и потешки и на теренот не одеше с$ како што се посакуваше. Тоа значеше дека Македонија полека успева да воспостави контрола на резултатот, а полека но сигурно се одеше и кон сигурна предност која даваше шанса за многу посмирена игра во продолжението.
До крајот на првиот дел Македонија успеа да зголеми на седум гола и на паузата да замине со седум гола предност, 16:9. Користејќи го отсуството на Георгиевска лидер во нападот беше левиот бек Петковска, додека помош имаше и од другите свои колешки.
Второто полувреме и двете репрезентации го почнаа во грч. Имаа дури по три технички грешки, така што првиот гол беше постигна Гроздановска по четири минути игра.
Сепак, продолжението од средбата донесе многу поефикасна игра. Се играше нешто послободно во нападот, па првпат водевме со десет гола разлика во 41. минута. Тоа беше најава дека, сепак, ќе дојдеме до двоцифрена победа. На семафорот стоеше резултат од 21:11, после кој се очекуваше разликата постојано до расте за убедлив триумф на стартот на шампионатот.
Она што се претпоставуваше почна да се случува бидејќи девојките продолжија со слободната игра. Полесно наоѓаа решение во нападот, па разликата од минута во минута растеше, што значеше шанса за сите ракометарки кои беа во составот да покажат колку можат.
До крајот немаше проблеми за да зачува разликата и да биде уште повеќе зголемена. Меѓутоа кога се мислеше дека позитивата оди над 20 разлика тогаш дојде до мало опуштање, па застанавме на 17 разлкика и конечни 33:16.
Поточки заработи црвен
Левиот бек на репрезентацијата на Австралија и дефинитивно најдобрата ракометарка во оваа селекција, Сали Поточки на почетокот на 21 минута мораше да го напушти теренот. Судиите од Русија престрого и го покажаа патот кон соблекувалната по еден прекршок кој го направи над Марија Когој. До тој момент таа беше најдобрата и најефикасна ракометарка на Австралија.
Градоначалниците говореа на отворањето
Пред одигрувањето на мечот меѓу Македонија и Австралија имаше кратка церемонија во која како што е обичај на ваквите настани беше отворен шампионатот. Свој говор одржаа градоначалниците на Скопје, Трифун Костовски и Охрид, Александар Петревски. Како претставник од ИХФ, на ракометарките коишто ќе играат им се обрати делегатот од Брегот на Слоновата Коска, Д-р Гнамиан. | |
| | | NoNi Модератор
Број на мислења : 157 Age : 31 Location : Kumanovo Registration date : 2008-05-10
| Предмет: Re: Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD Сре Jул 30, 2008 4:03 am | |
| Nemam zborovi dupki sme | |
| | | nedoztw [A] Модератор
Број на мислења : 452 Age : 32 Location : Macedonia Registration date : 2007-11-24
| | | | msR Администратор
Број на мислења : 127 Age : 37 Location : Tетово Registration date : 2007-11-21
| Предмет: Re: Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD Чет Aвг 07, 2008 11:22 am | |
| | |
| | | nedoztw [A] Модератор
Број на мислења : 452 Age : 32 Location : Macedonia Registration date : 2007-11-24
| Предмет: Re: Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD Пет Aвг 08, 2008 8:43 pm | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD | |
| |
| | | | Svetsko prvenstvo rakomet (Juniorki ) vo MKD | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|