Македонските тимови на овој турнир го претставија нашиот гејминг на многу високо ниво, и со амбиции да оди понатаму и да се остваруваат се поголеми резултати.
Тимовите GC,Anxiety,InsomniaTeam покажаа добра тимска игра и наптреварувачки дух, но сепак не доволно за да се пласират во самата завршница. Тимот DarkSide успеа да стигне до самиот крај и во Looser финалето загуби од тимот на 4gl-kgb што исто така представува голем успех за еден македонски тим. Сепак македонските бои во големото финале ќе ги бранат добропознатите македонски шампиони, тимот simpleX од Скопје. Тие ќе се натпреваруваат со ривалот од северниот сосед, тимот 4gl-kgb кој успеа да го победи тимот е4ria во малото финале на овој турнир.