Jose 'DrastyK' Blasco еден од легендите на Шпанската Counter-Strike сцена и капитен на x6tence, се повлекува од гејминг во кој помина 9 години.
На негово место тимот го ангажираше Daniel 'furby' Luna од тимот на next-level. Со ангажирање на овој играч тимот ќе се подготвува за WCG квалификациите во нивната земја.
"Сакам да се фокусирам на други нешта во мојот живот кои се приближно важни колку и моето играње за толку голем тим како x6tence.AMD. Не беше лесно да ја донесам оваа одлука, бидејќи овој свет ми приложи толку добри моменти.
Јас имам патувано низ цел свет, запознавајќи култури многу поразлични од мојата, натпреварувајќи се против најдобрите играчи во светот, учејќи како да живеам со моите соиграчи и како да направам вистински пријателства..."